Сутерен.мк

Јаболковиот оцет изгледа дека сепак, делува

Луѓе со прекумерна тежина изгубиле осум килограми за само три месеци откако почнале да пијат доза од 15 милилитри јаболков оцет пред појадок.

Сепак, и покрај бројните студии кои сугерираат дека делува, експертите остануваат поделени во однос на неговата ефикасност и потенцијалните долгорочни здравствени ефекти.

Затоа научниците од Универзитетот Холи спирит во Каслик во Либан регрутирале 120 доброволци за да истражат дали пиењето јаболков оцет може да влијае на нивната тежина. Сите испитаници имале индекс на телесна маса (БМИ) помеѓу 27 и 34, што се категориите прекумерна тежина и дебелина.

Учесниците беа поделени во четири групи од по 30 субјекти. Од три групи било побарано да пијат дневна доза јаболков оцет наутро, во количини од 5, 10 или 15 милилитри. Четвртата група доби плацебо. Во текот на 12 недели, секој учесник водел евиденција за нивната исхрана и навиките за вежбање.

Истражувачите откриле дека оние кои пиеле јаболков оцет изгубиле најмалку пет килограми и го намалиле нивниот БМИ помеѓу 2,7 и три поени, во зависност од дозата. Оние кои примиле плацебо изгубиле 0,3 килограми по 12 недели.

„Признаваме дека примерокот е мал и 12 недели не се доволно долги за да се проценат можните долгорочни несакани ефекти, но овие резултати сугерираат дека јаболковиот оцет може да има потенцијални придобивки во подобрувањето на метаболичките параметри поврзани со дебелината и метаболичките нарушувања кај дебелите лица“, рече авторот на студијата, д-р Рони Абу-Калил.

Критичарите тврдат дека студијата на либанските научници има многу недостатоци и не докажува ништо.
И, се однесува на лица од 27 до 34 години.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *