Сутерен.мк

Јована Миладинова е најдобра млада актерка на МЕСС во Сараево

Наградата за најдобра млада актерка „Рејхан Демирџиќ” на фестивалот МЕСС во Сараево ја доби Јована Миладинова за улогата на Изабела де Валоа во претставата „Едвард Втори”. Во режија на Андриј Жолдак, оваа претстава е копродукција на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија.

Миладинова е студентка на универзитетот ЕСРА во Скопје. Во образложението за наградата, жирито напиша дека Јована Миладинова како Изабела ја носи претставата „Едвард Втори“ на своите младешки, кревки, но театарски моќни рамена.

„Миладинова прави оваа физички, емотивно и психолошки вонсериски тешка изведба да изгледа лесно и едноставно, речиси лелеаво. Тоа го постигнува со највисок степен на концентрација, прецизност, посветеност, актерска храброст и малку дрскост“, кажа жирито.

Ова е трета награда за Миладинова за оваа ролја, по оние во Пловдив и на МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Следната изведба на „Едвард Втори” е на Меѓународниот театарски фестивал во Никшиќ, Црна Гора, следниот месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *