Џими Доналдсон, попознат како Мистер Бист, ја презеде титулата на најпрофитабилен креатор на содржини на Јутјуб во 2021-ва. Неговите видеа собраа повеќе од десет милијарди прегледи, што му донесе заработка од 54 милиони долари!
Дваесет и тригодишниот Американец го симна од врвот десетгодишниот Рајан Каџи, кој беше најплатен јутјубер во изминатите две години.
Најплатените десет јутјубери севкупно заработиле 300 милиони долари во 2021 година.
На второто место е Џејк Пол со 45 милиони долари, додека малиот Каџи падна на седмата позиција, откако лани со своите реценции на играчки заработил 27 милиони долари.
Новиот лидер Мистер Бист, кој досега беше втор, ги забавува своите фанови со акробации и шеги. Минатата година, тој пресоздаде елементи од хит-серијата „Игра на лигни“, играше криенка на стадион со 80.000 седишта и беше закопан под земја.
Новак Ѓоковиќ минатата година заработи девет милиони долари, а денеска го депортираа од Австралија.