Сутерен.мк

Бил Гејтс ја омажи ќерката за џокеј!

Ќерката на Бил Гејтс, Џенифер Гејтс синоќа се омажи за својот избраник, Најел Насар на раскошна церемонија во Њујорк!

Венчавката била одржана на семејниот имот на Гејтс во Вестчестер во Њујорк. Нејзиниот избраник Насар е професионален јавач на коњи со потекло од Египет. Њујорк Пост пренесува дека ова е втора венчавка за парот откако во петокот биле венчани во црква.
25-годишната невеста се појавила во прекрасна венчаница во придружба на деверушите. Чипканата венчаница со долги ракави била дизајнирана од Вера Ванг.
Славењето почнало во 17 часот кога се собрале бројни гости, а младата невеста заиграла со својот татко на песна од Елтон Џон.

Американските медиуми наведуваат дека раскошната венчавка чинела околу два милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *