Сутерен.мк

Битлсот и вегетаријанството

Музичарот Пол Макартни во јуни ќе објави вегетаријански кувар со рецепти на покојната сопруга, насловен како „Семејната кујна на Линда Мекартни“.

Покрај “вкусните и здрави рецепти книгата ќе биде опремена и со фамилијарни фотографии и приказни“, изјави славниот член на „Битлси“. На изданието освен Пол, работеле и неговите ќерки Мери (51) и Стела (49).

Британскиот музичар се ожени со американската фотографка Линда Истман во 1969 година во Лондон. Неговата сопруга беше посветена вегетаријанка и борец за заштита на животните, а нејзината прва книга за подготвување на вегетаријански бургери излезе во 1991 година. После речиси 30 години брак, Линда почина од рак на дојка во 1998 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *