Во Македонија недостига одоговорност и транспарентност, а има непотизам, корупција и институционална неефикасност, ваква критика испрати денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз
Со сомнеж дека некои од политичарите не се за спроведување на реформи, Брнз им порача на владините претставници да ги исполнат очекувањата на јавноста, но и стандардите за членство во ЕУ.
– Ова ќе биде предизвик зашто недостига одговорност, транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција. – изјави таа.
Знаеме дека еден од најголемите предизвици се корупцијата која што го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност. Владините претставници мора да одговорат на овие предизвици. Ние ве поддржуваме да продолжите со овие реформи дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби зашто силна, демократска и инклузивна Северна Македонија е столб за просперитетот на Западен Балкан.
Брнз ја испрати оваа порака веднаш по потпишувањето на амандманот на Договор за грант за партнерство за развој со што Македонија доби 10,3 милиони долари поддршка од САД за демократско општество и конкурентна економија.
Дека американскиот интерес за регионот се враќа на голема врата е и законот за демократија и просперитет на Западен Балкан, чија помош носи околу 4 милијарди евра а ги опфаќа сите 6 држави од Западен Балкан – Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. На 2ри јуни Македонија и САД започнаа и Стратешки дијалог за продлабочување на соработката, а на агендата се одбрана и безбедност, енергетика, економски теми, образование, демократски развој и борба против корупцијата.
Овие денови интензивни се пораките дека официјален Вашингтон не планира да и премижува на македонската политичка елита, а Брнз и вчера им порача дека – Корупцијата е канцер кој ја краде перспективата на идните генерации, и дека има уште многу работа.