Сутерен.мк

Ворхол, малку поблиску…

Феноменот на поп – артот секако беше Енди Ворхол, кој бил многу повлечен, но го фасцинирало се што е експлицитно и јавно. За контроверзниот уметник можеби не сте знаеле дека…

  • Како дете на словачки емигранти, од оригиналното презиме Ворхола го исфрлил последното А.
  • Семејството му било баеги сиромашно, па оттаму и идејата да ја употреби конзервата за супата Campbell’s за своето прочуено дело.
  • „Фабрика“ било местото каде што Ворхол собирал разни уметници, музичари, порно ѕвезди, наркомани, хомосексуалци… Меѓу посетителите биле и Дејвид Боуви, Мадона, Мик Џегер, Лајза Минели, Џон Ленон, Лу Рид…
  • Сликите во серии почнал да ги прави само за да се разликува од својот поп – арт колега, Рој Лихтенштајн. (А не дека нешто ингениозно смислил….)

  • Радикалната феминистка, Валери Соланас во 1968 година ќе го застрела Ворхол, по што тој до крајот на животот ќе носи корсет.
  • Откако чул дека Елизабет Тејлор сериозно се разболела за време на снимањето на „Клеопатра“, бил убеден дека ќе умре, па побрзал да и направи серија на слики.
  • Енди Ворхол снимил 26 филмови и продуцирал три ТВ серии. Всушност, бил опседнат со шоу – бизнисот и познатите личности иако, многу бил наводно, „срамежлив“.

  • Носел диктафон постојано со себе и го нарекувал како „мојата сопруга“?! Изгледа сакал да си го слуша сопствениот глас, па така подоцна овие снимки се транскрибирани во „Дневникот на Енди“.
  • На почетокот на кариерата Ворхол работел како илустратор во маркетинг. Еден од илустраторите е и на куварот Wild Raspberries.
  • Неостварена желба му била да отвори автомати за храна (слично на автоматизираните трафики за сендвичи и лименки од 50 – тите на минатиот век. Во САД, секако. Кај нас уште ни „Чичко Стоилко“ не постоеше.) Требало да се викаат Енди – мат?!
  • Бил посветен католик и често волонтирал во прифатилиштата за бездомници. Не се знае дали им донирал нешто.

  • Имал куче јазавичар наречен Арчи, но многу ја обожавал расата мопс?! Ела па, најди им го крајот на овие, па уметнициве…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *