Мадона за својот канал на Јутјуб сними видео посветено на 40-годишнината од нејзината музичка кариера, во кое одговори на голем број прашања.
Поп дивата, која неодамна го прослави својот 64 роденден, изјави дека сега сака да има секс и тоа е нејзина „опсесивна идеја“. Пејачката додаде дека „има многу секс“ во последно време во нејзиниот живот.
На прашањето за кои животни избори се кае, таа брзо одговори:
„Се кајам што се омажив, двапати.“
Мадона беше во брак со Шон Пен од 1985 до 1989 година, во 2000 година се омажи за Гај Ричи и се разведе од него во 2008 година.
„Имаше моменти кога се чувствував како да сум во темнина. Сакам да најдам некој кој мирно ме прифаќа таква каков што сум“,– рече таа во 2015 година.
Во април 2022 година, Мадона раскина со нејзиното младо момче Ахламалик Вилијамс и сега официјално не е во врска, иако медиумите пишуваат дека таа е во наводна романса со 23-годишниот модел Ендрју Дарнел со кого и позираше неодамна за насловната страница на магазинот Папер. Моделот (според озборувачките сајтови) „сега поминува многу време со Мадона, па дури и присуствуваше на 10-от роденден на нејзините ќерки близначки Естер и Стела минатата недела“.