Сутерен.мк

Во ЦЕРН открија нови „егзотични“ честички

Научниците во Големиот хадронски судирач (LHC) пронајдоа три досега непознати субатомски честички, објави Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН.

LHC е 27 км долг кружен тунел во кој се забрзуваат и судираат субатомските честички за да се испитаат нивните својства и да се откријат нови. Во LHC е пронајден и Хигсовиот бозон, кој се смета за важен дел во формирањето на вселената по Големата експлозија пред 13,7 милијарди години.

Научниците од ЦЕРН сега објавија дека воочиле нов вид пентакварк и прв некогаш откриен пар тетраквар, додавајќи ги на листата нови хадрони пронајдени во LHC. Тие на физичарите ќе им помогнат во сфаќањето како кварковите заедно се редат во сложени честички.

Кварковите се елементарни честички кои се комбинираат во групи од два или три кварка за да створат субатомски честички како протони и неутрони. Поретко се формираат и поголеми групи од четири или пет кварка – – таканаречени тетракваркови и пентакваркови.

„Што повеќе анализираме тоа повеќе пронаоѓаме видови егзотични хадрони. Сведочиме на период на откритија слични на педесеттите години“, вели научникот Нилс Тунинг.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *