Сутерен.мк

Калин меѓу најдобрите на Вимблдон

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски ја продолжи триумфалната низа на јуниорскиот дел од турнирот во Вимблдон.

Калин Ивановски денес беше подобар од ривалот од Литванија, Едјас Бутвилас, па со победа од 2:1 во сетови (6:4, 5:7 и 6:0), успеа да се пласира во четвртфиналето на Вимблдон.

Во првиот сет на Ивановски му беше доволен еден брејк да триумфира со 6:4 и да поведе со 1-0, за во вториот да му дозволи на ривалот да дојде во егал (1-1). Третиот сет го доби со уверливи 6:0.

Ова е секако значителен резултат во кариерата на Ивановски, а во битка за полуфиналето тој ќе се соочи против тенисерот Педро Роденас, кој доаѓа од Шпанија, кој претходно беше подобар од Бор Артнак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *