Сутерен.мк

Глобалните цени на храната паѓаат и понатаму

Глобалните цени на храната паднаа во октомври на најниско ниво во повеќе од две и пол години, што е одраз на поевтинувањето на шеќерот, житарките, растителните масла и месото, соопшти агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (УНФАО).

Индексот на ФАО на цената на корпата на основните прехранбени производи е намален во октомври за 0,5 отсто во однос на септември и изнесува во просек 210,6 поени, што е негова најниска вредност од март 2021 година. Во однос на минатогодишниот октомври, цените биле пониски за 10,9 отсто.

Најниско паднал шеќерот, 2,2 отсто во однос на септември, благодарение на силното производство во Бразил и покрај обилните врнежи и слабеењето на бразилскиот реал во однос на доларот. Цените на житарките исто така паднале, за еден отсто во однос на септември.

„Меѓународните цени на пченицата паднале за 1,9 отсто во октомври, одразувајќи ја генерално поголемата понуда во Соединетите Американски Држави отколку што се очекуваше и силната конкуренција меѓу извозниците“, соопшти ФАО.

Растителните масла и месото поевтиниле 0,7 отсто, под притисок на пониските цени на палминото масло и свинското месо. Само млекото и млечните производи поскапеле, за 2,2 отсто во однос на септември.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на пазарите на житарки, ФАО ја потврди прогнозата по која производството оваа година треба да достигне 2,82 билиони тони, што претставува зголемување од 0,9 отсто во однос на минатата година.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *