Сутерен.мк

Хуманоидни роботи кои сами се составуваат

Фабриката РобоФаб треба да биде сместена во Орегон во САД, а почетокот со работа е планиран за крајот на оваа година. Производниот погон е замисла на компанијата Агилити Роботикс, а ова ќе биде првата фабрика во светот за масовно производство на хуманоидни роботи, со капацитет од 10.000 роботи годишно.

Главниот робот ќе биде роботот Дигит, кој кога ќе биде произведен во доволен број и сам ќе учествува во склопувањето на деловите.

Дигит може да биде програмиран за извршување различни задачи, а како што велат во неговата матична компанија, станува збор повеќе за асистент отколку за робот, затоа што може да биде оспособен за прилагодување на различни задачи и променливи ситуации.

Се предвидува дека роботот ќе најде своја примена и во индустрии како што се логистика, градежништво, забава и здравство, а прототипот на Дигит чини околу 250.000 долари. Креаторите на роботот тврдат дека идните верзии ќе бидат поевтини.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *