Сутерен.мк

Годините се единственото, наше

Фејсбук с(р)еќавања…

****

Секогаш ги пречекував годините предвреме. Не им се тргав, ниту ги игнорирав. Напротив.
Никогаш не сум ја сакала младоста. Својата – најмалку. Тоа/таа е неподнослив терет.

Кога денес, во овие години (секако дека нема да ви ги кажам, до толку суетна сепак, сум), ќе си приспомнам на се, со сигурност ви тврдам дека уште од детството едвај ја чекав оваа возраст.

Затоа што знаев. Дека таа носи одредена рамнотежа и спокој, што ви е и тоа како неоходен после чистилиштето наречено дваесет – триесет години, со сите негови распнувања, дилеми, несигурности.

Па следи пеколот на средните години во кои се мора да направите совршено и без приговор: куќа, работа, семејство.

Оваа возраст е награда за сите младешки рани: време на целосна слобода, без забрани, стравови, контрацепција, предрасуди… Конечно, сe’ смеете.

А и да не смеете – многу ви е гајле.

Бидете тоа што сте, без страв. Бидејќи на крајот на краиштата, вие сте најдобриот, најмоќниот, најснаодливиот… сперматозоид, нели!?

Бидете љубезни кон другите.

Колку што Вашите нерви можат да издржат, секако. Ништо, над тоа.

Чувајте се…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *