Сутерен.мк

Градот кој им забрани влез на инфлуенсерите

Откако фотографиите од фармата „Слипи холоу“ го преплавија интернетот, мештаните на градот Помфрет велат дека работите излегле од контрола. Нивниот мир бил нарушен од толпите туристички автобуси, како и инфлуенсери кои ги прескокнувале знаците за забрана за влез, јавно се пресоблекувале за фотографирање и уринирале покрај патот

Патот кој открива поглед на зелените полиња на кои пасат овци, црвени и портокалови лисја, јаболкници и мали куќички, најчесто го возат автомобили со странски регистарски таблички со туристи кои доаѓаат да му се восхитуваат на овој поглед – и постојано да го фотографираат.

Ова бајковито место е градот Помфрет, кој се наоѓа во американската сојузна држава Вермонт. Иако градот живее мирно во поголемиот дел од годината, секоја есен посетителите од целата земја доаѓаат таму за да уживаат во прекрасните бои на пејзажот.

Во исто време, тие без извинување стојат на средината на патот и го блокираат сообраќајот додека не го направат тоа што треба да го направат, односно да се фотографираат за социјалните мрежи.

Откако бил нарушен мирот на мештаните од толпите туристички автобуси, како и инфлуенсерите кои постојано се сликаат, тие се пожалиле до локалните власти. Минатата година привремено бил затворен патот во еден правец, но тоа не ги спречи посетителите и понатаму да доаѓаат и да создаваат хаос.

Годинава мештаните решиле да соберат пари на платформата за финансирање „Го фанд ми“ и откако собрале повеќе од 15 илјади долари, властите решиле целосно да го затворат патот до имотот на фармата „Слипи холоу“ за време на шпицот на есенските лисја од 23 септември до 15 октомври за сите посетители. Локалните жители конечно ќе здивнат, но инфлуенсерите сега се налутија.

Повеќето жители на Помфрет нагласија дека не се против туристите, туку едноставно сакаат луѓето да се однесуваат со почит кон нивниот роден град.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *