Што мислите вие за интернет дружбите? Ги оправдувате или би потпишале петиција за нивна забрана?
Ленка
Ленка дарлинг (патем, првичното име на песната „Ленка“ од Кочо Рацин било „Менка“, ама да не ја р’чкаме мечката дур спие), јас не потпишувам ништо што не би ми донело конкретна, брза и завидна материјална корист.
Моите војни одамна завршија. Ме заболе мене и за Фејсбук и за Твитер. Меѓутоа, да.
Сметам дека наскоро ќе бираме и претседател на државата преку гласање на социјалните мрежи и во реалните шоу. Поточно, гарантирам….
(2016 година, „Теа модерна“)
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)