Сутерен.мк

Да почитував правила, ништо не ќе направев

Во очекување на биографскиот филм „Blonde“ во која Мерилин Монро ќе ја игра Ана де Армас, во режија на Ендрју Доминик, да се потсетиме на досетливите, самосвесни, остроумни изјави на Мерилин, одличната актерка која остави трајна трага во нашата попкултурна свест.

Меланхоличната икона на Холивуд освен што е ултимативен секс симбол на своето време, беше и талентирана и духовита, разиграна, интелигентна и емотивна жена.

  • Несовршенството е убавина, лудилото е генијалност и подобро е да се биде апсолутно апсурдна отколку апсолутно здодевна личност.
  • Себична сум, нестрплива и малку несигурна. Грешам, губам контрола и понекогаш е тешко со мене. Ама, ако не знаеш како со мене во моето најлошо издание, сосема сум сигурна дека не ме заслужуваш ни во најдоброто.
  • Дајте и ги на девојката вистинските чевли и ќе може да го покори светот.
  • Не сум заинтересирана за пари, само сакам да бидам прекрасна.
  • Се обидувам да се пронајдам. Понекогаш тоа не е лесно.

  • Кариерата е супер работа, ама не можеш да се стиснеш до неа кога ноќта е студена.
  • Жените имаат две прекрасни оружја: козметиката и солзите. На среќа на мажите, не можат да се користат истовремено.
  • Жената знае интуитивно или инстиктивно што е добро за неа.
  • Вистински љубовник е маж кој може да те воодушеви кога само ќе ти ја допре главата или ќе ти се насмевне гледајќи те во очи – или кога само гледа во празнината…

  • Да ги почитував сите правила, немаше никогаш ништо да направам.
  • Дел од мене ужива во доцнењата. Луѓето ме чекаат, нестрпливи да ме видат. Тоа ме потсетува на сите години кога никому не му беше гајле дали сум јас таму или не.
  • Мудрата девојка ги знае своите граници, паметната знае дека ги нема.
  • Се е ова само фикција, нели?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *