Дваесет и две години од ослободувањето на тетовското кале кое беше запоседнато од ОНА која планираше напад врз градот. Пред споменикот на бранителите во паркот жена борец државни делегации одадоа почит за загинатите бранители во конфликтот. Две децении подоцна, генерал Стојанче Ангелов вели подобро што конфликтот бил пресечен бидејќи голема била опасноста да прерасне во крвата меѓуетничка војна со многу жртви.
Државата до денес не најде начин да ги обештети воените инвалиди реагираше Ацо Стојановски кој во 2001та учествувал во битката кај Радуша.
Пратеникот Ковачки од опозициската ВМРО ДПМНЕ, кој како припадник на волците учествувал во борбата за тетовското кале, најави дека оваа недела ќе поднесат предлог измени на законот за бранители.
Освен министерот за внатрешни работи, на денешниот настан се појавија само претставници од кабинетот на Владата, претседателот, партијата Левица а беа присутни и роднини на загинатите полицајци.
Во оружените дејствија во 2001та загинаа 72 македонски бранители, а повеќе од 300 беа повредени.За конфликтот Ангелов најави дека ќе се снима документарна серија во која преку сведоштва на бранители ќе бидат раскажани настаните во кои учествувале.