Сутерен.мк

Династиите кои ја креираа светската историја

  • Плантагенет династијата дала 15 англиски владетели и потекнува од анжујските грофови од Франција. Воспоставена е од Хенри Втори Плантагенет син на Жофруа од Анжуј.
    Владееле од 1154 до 1485 година. Во нивно време изградена е Вестминстерската опатиа, создадена контроверзната Магна карта и основани се престижните универзитети Оксфорд и Кембриџ.
    Владеењето им завршува во 1485 година, со смртта на Ричард Трети, кој е поразен од Хенри Тјудор.

  • Соединувањето на двете моќни семејства – Јулиј и Клавдиј, ќе донесе пет најголеми римски цареви кои владееле помеѓу 14 и 68 година пред новата ера и биле поврзани со бракови или посвојувања. Започнала со Октавијан Август, а завршува со Нерон.
  • Основач на Птоломеите е еден од војсководците на Александар Македонски – Птоломеј. Го добил Египет како награда за воените заслуги, а Еѓипќаните го прифатиле како наследник на фараоните. Најзвучното име од оваа лоза е она на Клеопатра Седма, со чие самоубиство престанува и да постои династијата која триста години владеела со целиот Медитеран.

  • По успешното отстранување на монголската фамилија Јуан, на чело на кинеската империја доаѓа првиот цар од династијата Минг. Џу Јуен Џанг (Хунг – ву). Ја нападнал Монголија, ја поседувал централна Кина, а Кореја му плаќала данок.
    Владетелите од династијата Минг обезбедиле моќна флота со која ја истражувале Африка, војска од еден милион војници, го зајакнале Кинескиот ѕид… А во 15 – от век Пекинг го прогласиле за главен град.
  • Џингис кан (Темуџин) бил основач и големиот кан на монголското царство. Тој го има направено најголемото копнено царство на светот. Умрел во 1227 година и е погребан на тајно место.
  • Хабзбурзите се едни од најпознатите владеачки куќи во Европа, чие име потекнува од швајцарскиот дворец Хабзбург (Дворецот на јастребот), што било и седиште на семејството во 12 и 13 век.
    Нивните потомци владееле со Англија, Шпанија и Португалија. Подоцна се поделени на австриски и шпански Хабзбурзи.
    Последниот монарх на династијата е Карл Први од Австрија, кој владеел до 1918 – та, кога Австрија станува република.

  • Историјата на озлогласеното и гламурозно семејство Медичи е приказна за завист, интриги, чест и морално паѓање. Владееле со Фиренца, а почнале како банкари од средната класа, кои се збогатиле тргувајќи со текстил.
    Цели четири века биле великодушни спонзори на уметноста и културата во Италија, а тоа им обезбедило почит и влијание – нивната фамилија дала тројца папи, како и бројни членови во британските и француските кралски куќи.
  • Династијата Капет ја основал Иго Капет, францускиот крал од 987 до 996 година. Сепак, првата важност ова семејство ја добива дури со Луј Шести Дебелиот, па со Филип Втори. Шарл Четврти Убавиот е последниот машки наследник и потоа престолот го добива семејството Валоа, во 1328 година. Капет е веројатно најголемата кралска фамилија во Европа, која е заслужна за многу француски закони и институции што постојат и денес, но запаметена е и како најинцестуозна во историјата – бракови често склопувале родени браќа и сестри само за да си ја обезбедат својата позиција во општеството. Денешни нивни потомци се кралот Хуан Карлос од Шпанија, кралот Алберт Втори од Белгија и големиот војвода Анри од Луксембург.
  • Мајер Амшел Ротшилд (1744 – 1812) бил лихвар од Франкфурт, чија упорност го довела до најголемиот врв на финансиската и економска моќ на Европа.
    Вовел правило само машките деца да го водат бизнисот, кои браковите би ги склопувале со роднини, за парите да не се расфрлаат наоколу!
    Оваа германско – еврејска фамилија набрзо по селењето во Лондон, доживува особен успех во 1814 година, а потоа се незаобиколен дел од банкарската светска елита.
  • Семејството Нехру – Ганди ја обликуваше модерна Индија. И не треба да се мешаат со Махатма Ганди (не се во сродство).
    Џавахарлар Нехру беше борец против британската окупација на Индија и беше нејзин премиер од 1947 до 1964 година.
    Неговата ќерка, Индира Ганди, индиската премиерска функција ја извршуваше од 1966 до 1977 и повторно од 1980 до 1984 година – како диктатор.
    Индира е убиена, а истата судбина ја доживеа и син и Раџив Ганди во 1991 година. Синот на Раџив, Рахул Ганди влезе во политиката во 2004 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *