Сутерен.мк

Документарец за транс-децата

Шведски документарен филм/репортажа (со превод на македонски јазик) за штетата што им се прави на т.н. транс-деца.

Овој документарен филм беше подготвен од Каролина Џемсби, независен новинар посветен на истражувачкиот журнализам, а емитуван на националната телевизија СТВ.

Репортажата дава осврт на слабата научна поткрепа за хормонската терапија и блокаторите на пубертетот што им се даваат на деца и адолесценти што се збунети за својот пол и каква катастрофална и доживотна штета прават врз здравјето на младиот човек.

Наспроти широко распространетиот аргумент на транс-активистите дека доколку децата не „сменат“ пол, ќе се самоубијат, документарниот филм ни го покажува сосема спротивното – таквите деца имаат други пропратни психички проблеми, така што дури и да им се потврди нивниот род што го избрале, тие остануваат несреќни, продолжуваат да се самоповрдуваат и имаат тенденции кон самоубиство.

Гледајќи го самиот филм, ќе ви се јават безброј прашања:

Зошто транс активистите безмилосно ги отфрлуваат оние што детранзитирале?

Зошто по секоја цена се обидуваат да ги замолчат ваквите репортажи?

Зошто, иако е јасно дека се прифатени од шведското општество, продолжуваат да бараат права, како да се потиснати и маргинализирани – истиот наратив што се слуша и на наше тло?

Зошто транс-активисти, коишто самите немаат деца, тврдат дека се позагрижени за децата отколку самите родители?

И најголемото прашање што се поставува е: каков човек е потребно да си за, не само да дозволиш, туку и да охрабруваш и намерно да прикриваш кога децата доживотно се осакатуваат и страдаат, само за да си ја зачуваш сопствената идеологија во целост?

Репортажата овде…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *