Сутерен.мк

Заблуди за колагенот?!

Колагенот е еден од основните протеини во телото. Се наоѓа во коските, мускулите, тетивите, косата, р’скавицата, па дури и во крвните садови. Повеќето луѓе мислат дека е важен исклучиво за кожата, но тоа воопшто не е точно!

Како старееме, така нивото на колагенот природно се намалува. Врз брзината на неговото губење влијае исхраната, излегувањето на сонце, стресот и пушењето.

Количината на колагенот во телото не може да се одреди, но неговиот недостаток се забележува преку слабеењето на мускулите, болки во зглобовите, проблеми со цревата.

Продуктите кои ја поттикнуваат синтезата на колаген (кој се создава со комбинирање на три аминокиселини) се: риба, пилешко и говедско месо, супите од нив, а вегетаријанците можат да го добијат од мешунките, интегралните житарки и јаткастите плодови, но мора да се земаат во поголеми количини.

Освен ова, потребни се и витамин Ц, цинк и бакар за негово производство. Значи, многу разновидна и количински пообемна исхрана со месо, млечни производи, овошје и зеленчук, мешунки…

Е сега, постојат и суплементи на колаген и не е спорен нивниот позитивен ефект врз здравјето, но додатоците на исхрана врз база на колаген не делуваат на куси патеки. Односно, имаат бенефит само, ако се земаат со години т.е. цел живот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *