Сутерен.мк

Занимливости за фудбалот

  • Иако заслугите за правилата во фудбалот им припаѓаат на Англичаните самиот спорт е кинески производ. Имено, играта постоела уште за време на династијата Хан која владеела со Кина околу 200 години п.н.е.
  • Судиите се вклучени во играта во 1878 година. Пред тоа, споровите се решавале со договарање на капитените, бидејќи владеело верување дека ниту еден џентлмен нема намерно да направи фаул.

  • Фудбалските топки се произведуваат во Пакистан. Во тамошниот град Сиалкот, се наоѓаат околу 2 000 работилници за нивна рачна изработка.
  • Роналдо е крстен според 40-от претседател на САД, Роналд Реган. Татко му бил голем почитувач на американскиот лидер.

  • Рекордот за најмногу дадени голови на еден натпревар го држи Французинот Стефан Дембицки, кој во 1942 година на клубот Auby – Asturies им дал 16 голови.
  • Првиот кошаркарски натпревар одигран е на 20 јануари 1892 година во американскиот град Спрингфилд со 18 играчи и со – фудбалска топка!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *