Сутерен.мк

За користење Твитер, 34 години затвор

Студентката по докторски науки Салма Ал-Шехаб, која саудискиот суд во средата ја осудил на 34 години затвор, навела дека таквата пресуда е еднаква на уништување
„Таквата пресуда претставува уништување за мене, моето семејство, мојата иднина и иднината на моите деца – две мали момчиња од четири и шест години“, изјавила ал-Шехаб пред судиите, според денеска добиените судски документи.

Таа им рекла на судиите дека била во затвор повеќе од 285 дена пред нејзиниот случај воопшто да биде проследен до судот, покажуваат правните документи до кои дошла агенцијата.

Таа е осудена поради ширење на гласини и ретвитавање на дисиденти.

Ал-Шехаб нагласила дека немала поим дека “едноставно ре-твитување на постови од љубопитност и набљудување на гледиштата на други луѓе, од личен профил со не повеќе од 2 000 следбеници, претставува тероризам”.

Светските агенции наведуваат дека активисти и адвокати ја сметаат казната против Ал-Шехаб, мајка на две деца и научничка на Универзитетот во Лидс, за шокантна дури и по саудиските стандарди за правда.

Иницијативата за слобода ја опишува Ал-Шехаб како припадник на шиитското муслиманско малцинство во Саудиска Арабија, кое долго се жали на систематска дискриминација во кралството под сунитска управа.

„Саудиска Арабија се фали во светот дека ги унапредува правата на жените и креира законска реформа, но нема сомнеж дека ситуацијата само се влошува“, рекла Бетани ал-Хаидари, саудиска менаџерка на Иницијативата.
Се додава дека пресудата за “Ал Шехаб” привлекла внимание од Вашингтон, а Стејт Департментот во средата соопштил дека го анализира случајот.

„Остварувањето на слободата на изразување поради борба за правата на жените не би требало да биде криминализирано“, рекол портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Минатиот месец, американскиот претседател Џо Бајден отпатува во Саудиска Арабија и разговарал со принцот Мухамед бин Салман при што ја изразил својата загриженост за човековите права во кралството.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *