Сутерен.мк

Збогување со „Ајс ејџ“

Студиото за компјутерска анимација кое стои зад повеќето филмови од анимираната франшиза „Ајс ејџ“, на емотивен начин се прости од светот кој помогна да се создаде пред 20 години.
Аниматорите се збогувале од студиото кое пред неколку дена официјално престана со работа и во таа чест објавија среќен крај на цртаниот филм штој со задоволство го гледаа децата, но и возрасните.

„Ова видео е збогување, испраќање под наши услови“, напишал тимот кој во него конечно ѝ „дозволува“ на верверичката Скрат да дојде до својот желад и да се нагости со него.
Цели 20 години Скрат го бркаше желадот и притоа предизвикуваше неволји, сè до уништување на напредната цивилизација на верверичките и раздвојување на континентите, но со прошталната анимација на „Блу скај“ тоа конечно се промени. Скрат, кој инаку беше маскота на студиото е конечно среќен.

На социјалните мрежи фановите им се заблагодариле на луѓето од „Блу скај“ бидејќи им овозможиле убави спомени од детството, а еден корисник на Твитер напишал: „20 години го чекав ова! 20 години!“.
За потсетување, првиот дел од франшизата „Ајс ејџ“ беше објавен во 2002 година, во кој се опишани авантурите на група цицачи кои се обидуваат да го преживеат почетокот на леденото доба. Франшизата има пет продолженија.

Видеото…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *