Сутерен.мк

Зошто се пропи Бен Афлек?

Бен Афлек признал дека се чувствувал „заробен“ во бракот со Џенифер Гарнер и дека тоа е една од причините за неговиот алкохолизам!

За време на интервјуто со Хауард Стерн, холивудскиот актер зборувал за десетгодишниот брак со Џенифер Гарнер и открил дека се обиделе да ја преживеат таа заедница, но не успеале.

„Веројатно ќе завршевме со нож под грлата еден на друг. Веројатно уште би пиел ако останевме заедно“, признал актерот кој во 2018 година отиде на рехабилитација поради алкохолизам.

Двајцата официјално се разведоа во јуни 2015 година, ден по десетгодишнината од нивниот брак.

„Една од причините зошто почнав да пијам е затоа што се чувствував заробен во тој брак. Мислев – не можам да заминам поради моите деца, но не сум среќен, што да правам? А потоа испив шише виски и заспав на каучот, што се покажа како лошо решение“, призна Афлек.

„На крајот, се обидовме, се обидовме и се обидовме затоа што имавме деца, но и двајцата чувствувавме дека не сакаме нашата врска да стане модел според кој нашите деца би помислиле дека бракот треба да изгледа“.

Признал и дека се двоумел дали да ја обнови љубовта со поранешната свршеница Џенифер Лопез и дека морал двапати да размисли дали повторно да се занимава со тоа, поради влијанието што врската може да го има врз неговите деца.

„Тоа ми се случи. Мојата одговорност кон децата е мојата најголема одговорност. Не сакам да правам ништо што би било болно или деструктивно за нив. Мојот живот влијае на нив. Нивната мајка и јас сме познати личности, тоа е тешко. Тоа е крстот што треба да се носи“, изјавил Афлек.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *