Сутерен.мк

Измеќарството на сопругата добива цена!

Врховниот суд на Португалија му нареди на маж на својата поранешна партнерка да и исплати над шеесет илјади евра за домашните обврски што ги обавувала во текот на речиси три децении заеднички живот!

Според пресудата, недавање на надомест за чистењето, готвењето, перењето, пеглањето… што исклучиво или во најголема мера ги извршува само еден член на (вон)брачната заедница доведува до негово реално осиромашување. А бидејќи тоа истовремено го ослободува другиот член на заедницата од вршење на тие задачи, тоа доведува до негово богатење без никакви трошоци или придонес.

Жената барала надомест од 240 000 евра, но основниот суд ја одбил нејзината тужба. После нејзината жалба, Апелациониот суд го подржал барањето и одредил да и се исплатат 60 782 евра. Нејзиниот поранешен партнер се жалел до Врховниот суд, но таму била само потврдена пресудата на Апелациониот.

Критериумот за утврдување на вредноста на куќните ангажмани била националната минимална плата, што судот ја помножил со 12 месеци и годините на заедничкиот живот, а потоа одзел третина од износот на сметка на трошоците на жената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *