Нето богатството на извршниот директор на компанијата „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск изнесува 230 милијарди долари од петокот наутро, според индексот на Блумберг.
Џеф Безос е се уште втората најбогата личност во светот со нето вредност од 191 милијарди долари.
Бил Гејтс е на четврто место со 130 милијарди долари, а Бафет е десетти со 102 милијарди долари.
Годинава, Маск додаде повеќе од 60 милијарди долари на своето конто, благодарение на силните перформанси на акциите на „Тесла“ и „Спејс екс“.