Сутерен.мк

Илон Маск го прекројува Твитер

Илон Маск продаде акции на Тесла вредни речиси 4 милијарди долари. Во периодот од петокот до вторникот се продадени 19,5 милиони акции, според поднесоците до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Уделот на Маск во Тесла моментално е 14 проценти. Вредноста на акциите на Тесла падна за речиси половина оваа година, заедно со многу други.

Вредноста на Тесла, исто така, одразува серија на продажби што Маск ги искористи за финансирање на купувањето на Твитер од 44 милијарди долари. Ова ги наведе акционерите да веруваат дека Тесла ќе се оддалечи од фокусот на својот извршен директор, сега кога тој има други преокупации.

Откако го купи Твитер, Илон Маск дели отпуштања. Една од вработените која добила отказ е трудница, која на новиот сопственик на компанијата му возвратила со тужба.

Пред неколку дена се прошири веста дека Илон Маск го отпуштил целиот управен одбор на Твитер и дека тој е единствениот член на ова тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *