Мислам дека сте многу површна и дека ви е ептен инфантилно она Дарлинг.
Дарлинг
Дарлинг, дарлинг, баш добро што некој ја сфатил целата ситуација без разлика на која страна е од барикадите.
Јас направив чекор, кој е незамислив за вас. Чекор надвор од клишеата кои ни ги наметнува диригираната историја на маалската куртоазија и затоа сум ви интересна. Што направивте вие, освен што ме читате мене?
Секако дека сум инфантилна. Каков анархист би била, ако ја немам таа детска тврдоглавост, импулсивност и неконформизам во мене?!
А и не ве разбирам. Дали на вашите свилени уши и непца навикнати на ванилин пудинг, повеќе ќе им одговара наслов како – „Прашајте ја Македонка Александрова Филипова Трета“ или можеби – „Прашајте го Вилхем Дилтај“?
Белким се разбравме…
(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)