Се смета дека генерално овие луѓе се поинтровертни од оние кои сакаат кучиња. Додека сопствениците на кучиња сакаат да поминуваат време на отворено и бараат можности за социјална интеракција, се чини дека оние кои повеќе ги сакаат мачките, сакаат да поминуваат време дома со својот домашен миленик. Тие уживаат да бидат заедно во топлиот дом во попладневните часови. Исто така, љубителите на мачки не се водат според строги правила. Поради тоа тие некогаш се неправедно етикетирани како ексцентрични, додека реалноста е дека тие само сакаат да го следат својот пат.
Друга студија покажала дека луѓето кои сакаат мачки се особено љубопитни и сакаат постојано да учат и да откриваат нови работи. Тие се отворени за нови искуства, па поради тоа сакаат да учат нови работи и постојано да го прошируваат своето образование.
Љубителите на мачки покажуваат многу поголема разновидност од оние кои претпочитаат кучиња, или оние кои сакаат и кучиња и мачки подеднакво. Поради тоа, тешко е да се одредат „типични“ особини на овие луѓе, што потврдува дека љубителите на мачки се неконвенционални. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека љубителите на кучиња се екстровертни и се посовесни од љубителите на мачки.