Сутерен.мк

Кои се најквалитетните автомобили?

Белгиската организација за заштита на потрошувачите “Тест Анакооп” спроведе големо европско истражување за квалитетот на автомобилите во кое беа вклучени повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Италија, Шпанија и Португалија.

Автомобилите со најмалку проблеми се Лексус, кој е луксузен бренд на Тојота. Само пет отсто од возачите на овие автомобили морале да застанат на сервис за време на гарантниот период поради дефект. Тојота и повеќето други јапонски марки се исто така на врвот.

Најдобро рангиран европски автомобил е Сеат, а на дното на табелата се три многу скапи марки: Јагуар, Ланд Ровер и Тесла. Електричните автомобили од фабриките на Илон Маск имаат најнизок рејтинг од сите марки.

Моделите на мотори со внатрешно согорување кои имаат најмногу проблеми се речиси по правило – дизелашите.

Кај најсигурните возила главно се среќаваме со бензински и хибридни погонски системи.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *