Сутерен.мк

Колку мажи, толку жени гејмери

Просечниот „гејмер“ (вљубеник во видео игри) е постар од триесет години и татко е на три деца (!?). Дури 41 отсто од жените признале дека го сака овој вид на забава, но не на конзоли и компјутери, туку главно на телефоните.

Според студијата што ја пренесува британски „Мирор“, во која учествувале две илјади луѓе, утврдено е дека просечниот гејмер е семејна личност, со куќа или стан и годишно заработува околу 45 илјади евра.

 

Машкиот дел од популацијата повеќе ги сака игрите како „Кол оф Дјути“ и „Фортнајт“, додека пак, дури 41 проценти од жените себеси се нарекуваат гејмерки, иако играат видео игри на телефоните.

Мажите ги сакаат жанровите во кои има пукање и спорт, а жените стратешките игри и загатките. Меѓутоа, и едните и другите речиси исто време поминуваат во овој вид на занимација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us