Сутерен.мк

Колку се дозбогатија светските парајлии во пандемијава?

Богатството на десетте најбогати луѓе во светот – вклучувајќи ги Елон Маск, Џеф Безос и Бил Гејтс според Оксфам изнесува 1,5 трилиони долари. Нивниот зголемен профит од почетокот на пандемијата ги направи шест пати побогати од најсиромашните 3,1 милијарди луѓе во светот, соопшти оваа хуманитарна организација, додавајќи дека од март 2020 година речиси секој ден се создава нов милијардер!

– Оваа година, она што се случува е надвор од сите норми. Скоро секој ден се создаваат нови милијардери во пандемијата, додека 99 отсто од светската популација живее полошо поради карантините, пониската меѓународна трговија, помалку туризам. Нешто е длабоко фалично со нашиот економски систем – изјави Дани Срискандараџа, извршен директор на Оксфам.

Според бројките кои се наведуваат во извештајот, најбогатите 10 луѓе на светот се: Елон Маск, Џеф Безос, Берно Арно и семејството, Бил Гејтс, Лери Елисон, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Марк Закерберг, Стив Балмер и Ворен Бафет. Меѓу нив постојат големи варијации – на пример богатството на гејтс пораснало за 30 проценти, додека она на Маск се пораснало за повеќе од 1000 отсто.

Во меѓувреме, за време на пандемијата уште 160 милиони луѓе се принудени на живот во сиромаштија, соопшти Оксфам, цитирајќи бројки од листата на милијардери на Форбс за 2021 година.

Поради сѐ поизразената нееднаквост, хуманитарната организација Оксфам ги повика владите да воведат еднократен данок од 99 отсто за милијардерите во светот и да ги искористат парите за финансирање на зголемување на производството на вакцини за сиромашните.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *