Во светот во кој физичката дистанца стана новата реалност, фрустрирачко, а и понекогаш опасно, кога другите не го почитуваат ова правило. Иако, заштитата на личниот простор за жените беше секојдневна работа и пред пандемијата. Токму затоа холандската дизајнерка Анук Випрехт дизајнираше „корона-фустан“!
Станува збор за футуристички фустан кој се шири кога некој премногу ќе ви се доближи. Наречен е Proximity Dress и на околувратникот има сензор што се активира кога некој ќе навлезе во вашиот личен простор, после што се активира механизам кој го шири здолништето.
![](https://suteren.mk/wp-content/uploads/2021/09/2.png)
Фустанот, освен што му дава на знаење на другиот дека треба да се дистанцира, не е опасен, не прави никакви звуци, ниту пак несакани снимки. Се уште не е во слободна продажба, а може подобро да го видите на видеото овде…