Станува збор за скир, свежо сирење од пастеризирано обезмастено кравјо млеко. Со векови се произведува на Исланд, а од неодамна и пошироко. Најважното за скирот, следи…
- Во споредба со другите јогурти, побогат е со протеини, има многу помалку масти, помалку шеќер и голема моќ да заситува.
- Скирот е ризница на витамини особено на витамин Д и витамин Б12, а содржи и завидни количини на калиум и магнезиум, како и калциум.
- Може да се конзумира во било кој дел од денот, а неговиот интензивен и богат вкусдобро се согласува и со слатки додатоци, но и со салати и чорби.