Сутерен.мк

Кој е креатор на биткоинот?

Во твит Илон Маск сподели фотографија која сугерира дека псевдонимот Сатоши Накамото е едноставно комбинација од слоговите на четиро технолошки компании: „Са“ од „Самсунг“, „Тоши“ од „Тошиба“, „Нака“ од „Накамичи“ и „Мото“ од „Моторола“!


Иако неколку луѓе тврдеа дека знаат кој е Сатоши Накамото, па дури и дека се тие самите, идентитетот на програмерот никогаш не беше официјално потврден. Креаторот на биткоинот наводно започнал да го пишува својот код во 2007 година и бил активен во неговиот развој до почетокот на 2011 година.
Теоријата дека четирите гореспоменати компании заедно стојат зад идентитетот на Накамото не е нова. Фотографијата која Маск неодамна ја објави веќе со години се споделува на Твитер.

За милијардерот, кој и самиот е заговорник на криптовалутите, се зборува дека токму тој е Сатоши Накамото, но Маск ги демантираше овие наводи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *