Сутерен.мк

Кој е најсреќниот човек на светот?

Станува збор за Матју Рикард, 76-годишен тибетски монах, писател, преведувач и фотограф со потекло од Франција.

Тој вели дека, ако цел ден мислите само на себеси, тоа е напорно. Неговите совети за тоа како да бидете среќни се концентрирани на алтруизам. Порачува дека треба да бидеме добронамерни, но да не дозволиме да бидеме искористени. Смета дека луѓето кои сакаат да бидат среќни треба да го тренираат својот ум во таа насока.

Прогласен е за најсреќниот човек во светот откако учествувал во 12-годишно истражување на мозокот, кое го спровел Ричард Дејвидсон, невронаучник од Универзитетот Висконсин.

Дејвидсон ја поврзал главата на овој човек со 256 сензори и открил дека умот на монахот е необично лесен кога медитира. Рикард вели дека понекогаш медитира со денови и воопшто не му е тешко.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *