Сутерен.мк

Кој прв направил потковици?

Коњите треба да им бидат благодарни на Римјаните што веќе не одат боси. Секако дека биле совршено среќни додека галопирале наоколу без потковици, но во еден момент, римските главучи заклучиле дека баш би било убаво да ги поплочат патиштата.

Меѓутоа, незаштитените коњски копита пукале и се расцепувале од ударите врз тврдата подлога.

Поплочувањето на друмовите довело коњите, освен за јавање, се повеќе да се користат за носење на терет и влеча на запрежни коли. Тоа уште повеќе ги оптеретувало нивните копита, па Римјаните се досетиле да користат сламени подлошки како најава за идните потковици.

Најнакусо: потковиците воопшто не му се потребни на еден коњ кој живее на ливада или само понекогаш се користи како помош во човековите обврски. Меѓутоа, доколку тој постојано скока, трча, чекори врз тврда површина, секој совесен сопственик треба својот коњ да го поткова. Тоа е мерка на заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *