Сутерен.мк

Македонија има нова влада

Со примопредавање на мандатот од техничкиот премиер Талат Џафери новиот претседател на Владата Христијан Мицкоски официјално го стартуваше својот премиерски мандат.
Собранието по дводневна расправа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од Коалицијата Вреди и ЗНАМ.

Пртив Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскиот фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

На крајот од дводневната дискусија, Мицкоски вети дека неговата Влада „ќе ги подигне стандардите веќе во првите 100 дена, дека ќе работи напорно и ќе се погрижи земјата да се промени, да оди напред, дека ќе ги почитува граѓаните и бидејќи ќе биде одговорна Влада.

Новата Влада, која ја сочинуваат претставници на коалицијата „Твоја македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и партијата „ЗНАМ – за наша Македонија“, наместо 16 министерства, колку што имаше претходната влада, ќе има 20 министерства.

Тројца министри ќе бидат без ресори, а премиерот ќе има пет заменици. Во Владата на Христијан Мицкоски има 20 мажи и три жени, просечната возраст на членовите на владата е 47 години – најстариот има 66 години, а најмладиот 33 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *