Сутерен.мк

Мастурбирање

Мојот син, кој има 12 години постојано се затвора во купатилото и во својата соба и кога сакам да влезам жестоко се буни и ме навредува па дури и физички ме напаѓа. Сфатив дека постојано мастурбира и не мислам дека тоа е во ред, но не знам како да го спречам во сето тоа и како да постапам?! Имате ли идеја што да се прави?

Мама

Мама дарлинг, честото самозадоволување може да значи големо незадоволство од секојдневниот живот.

Ја практикуваат секојдневно, луѓе на кои тоа им е единствениот извор на сатисфакција, исполнетост, олеснување.

Ништо страшно, ама покрај тоа што не би требало да ја нарушувате неговата приватност, можеби е добро и да го обезбедите/потикнете/заинтересирате и со некој друг вид на пријатен интерес во животот.

Тоа е работата на родителите – да канализираат…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *