Сите масти се лоши… Напротив, здравите масти се неопходни за правилно функционирање на телото, а нив ги има во јатките, лососот, авокадото, семките, маслиновото масло… Всушност, најважно е да бидете умерени во конзумирањето на мастите.
Јагленохидратите треба да се избегнуваат… Многу повжно е што мачкате на лебот и со што ги преливате тестенините – самите јагленихидрати немаат повеќе калории од другите хранливи материи.
Вежбањето е најважно за слабеење… Секако дека е, но не е најважно. Килограмите се губат единствено со внесување на помалку калории дневно, отколку што можеме да потрошиме. Ништо друго не помага. Барем не, битно.
Гладувањето е единствениот начин… Тоа што сте гладни не значи дека губите тежина. Гладувањето може да донесе краткорочни резултати, но по извесно време најверојатно, ќе ги вратите изгубените килограми дуплирани. Единствениот пат за трајно слабеење е намален внес на калории од разновидна исхрана. И без алкохол и сокови од маркети.