Сутерен.мк

Навики заради кои изгледаме постаро

Некои луѓе природно изгледаат помладо, додека пак, другите имаат позрел изглед. На генетиката не можеме да влијаеме, но затоа на некои други фактори можеме. Како што пишува Eat This, Not That одредени животни навики трага најпрво оставаат на лицето…

  • Недоволното пиење вода на лицето се манифестира со сувост, ситни брчки и подочници.
  •  Преголемото конзумирање на алкохол ја дехидрира кожата и предизвикува воспаленија кои се причина за црвенило и испукани капилари.
  • Пушењето цигари ги стеснува крвните садови и ја намалува циркулацијата на кислород, а со тоа и ја оштетува кожата.
  • Предолгото изложување на сонце за последица има сувост и опекотини, а тоа баш и не е нешто баш, младешки!
  • Внесување на многу шеќер во организмот го уништува колагенот и еластинот, кои се клучни за кожата да остане цврста и младолика.
  • Додека спиеме бројни системи во телото се опоравуваат и обновуваат. Хронично недоволен или немирен сон и тоа како остава белези на лицето.
  • Секојдневниот стрес ја менуваат структурата на ќелиите кои содржат генетски информации. Тие структури се викаат теломери, а по одредено кратење, умираат. Тоа буквално е процес на стареење, а луѓето со пократки теломери имаат и поголем ризик од хронични болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *