Сутерен.мк

Награди во Сардинија за македонски млади актери

Ученици од ООУ “Васил Главинов” од Велес и членови од драмското студио „Словото“ учествуваа на театарски фестивал во Сардинија со претставата „Мудроста што го водеше Александар Македонски“, работена по текст и во режија на Весна Димитрова Бобевски.
Учествување на театарски фестивал во Сардинија е голема можност за учениците и членовите на драмското студио да ја покажат својата креативност и талент со интересна тема, која ја спојува историјата и уметноста.
Оваа претстава беше изработена по повод патрониот празник на училиштето, заедно со наставничката по историја, Габи Андонова.

Александар Македонски е од огромно значење за Македонците и за македонската историја. Тој не само што е историска фигура, туку и симбол на културен и национален идентитет.
Александар се смета за еден од најголемите воени команданти во историјата и е извонреден симбол на сила и храброст за македонскиот народ.

На Александар Македонскил многу знаење и мудрост му пренел неговиот учител Аристотел, еден од најголемите филозофи во историјата.
Аристотел го образувал Александар во различни области, вклучува филозофија, наука, поезија и историја, што му создало аналитичко размислување.
Претставата во Сардинија публиката ја гледаше со силен восхит.

Затоа и беше наградена со четири награди и беше прогласена за апсолутен победник.
Награда за најдобра машка улога доби Илија Најдов за улогата на Александар Македонски, за најдобра женска улога доби Ивана Милошева за улогата на Олимпија, за најдобра епизодна улога доби Димитар Витев и за улогата на Филип Втори Македонски.
И секако, главната награда за Најдпбра претстава во целост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *