Британската манекенка Наоми Кемпбел која наскоро ќе го прослави 51 – от роденден зџа прв пат стана мајка, раѓајќи девојче.
„Едно прекрасно мало чудо ме избра за мајка. Чест ми е да имам толку слатка душа во својот живот“, напиша манекенката на Инстаграм објавувајќи фотографија од бебето.
Наоми, која живее во Њујорк не го соопшти датумот и местото на породувањето ниту пак, името на ќерката.