Сутерен.мк

Најблиските непријатели

Сакам да го тужам сопствениот брат, сопствените родители за куќата која му ја дадоа беспоговорно на брат ми и уште треба да се однесувам како гостин во домот во кој сум израснала?!

Неда, Тетово


Неда дарлинг, тужете ги до последниот денар. (Најдете патем и добар адвокат. Само будала сам се застапува на суд.)

Аман веќе од штетни традиции, пештерско наследство, себични родители, саможиви браќа и сите што се праат наудрено. (Најсмешно ми е она – „наследникот мој“?! Која самоувереност и верување во лажги со опашки – „наследник“ кој се презива како секој втор во државава и кој ќе наследи кредити и раскарани роднини. Го има се уште тоа и по светот. И исто е имбецилно. Само што таму, покрај банкротот и омразата – за да ги разликуваат им додаваат и титула, според името на имотот, а и помалку да им се забележува грдотијата).

Вие сте биле исто гладни, исто запоставени, исто поттурнати додека се градела таа куќа. Имате право на нејзин дел…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *