Сутерен.мк

Најдобрите градови за велосипедисти

На врвот на листата која е последица на истражувањето што го направила германската осигурителна куќа Луко се наоѓа холандскиот град Утрехт. Во него, дури 51 отсто од жителите возат велосипед, а има и многу квалитетна велосипедска инфраструктура и многу малку дождливи денови во годината.

 

Градот Минстер во западна Германија е на второ место пред се, благодарение на малиот број на сообраќајни несреќи чии жртви се велосипедисти, но и поради активната велосипедска сцена, со многу фестивали и други манифестации поврзани со велосипедизмот.

Трета е белгискиот Антверпен. Според истражувањето, овој град е веројатно, најдоброто место за купување и одржување на велосипедите на светот. Има систем за делење на велосипеди ширум градот и четири илјади велосипедски рути.

На дното пак е Јоханесбург. Не само што многу малку луѓе возат велосипеди во најнаселениот град на Јужноафриканската Република, туку велосипедистите овде имаат и многу висока стапка на смртност кога го возат ова превозно средство.

  1. Утрехт, Холандија
  2. Минстер, Германија
  3. Антверпен, Белгија
  4. Копенхаген, Данска
  5. Амстердам, Холандија
  6. Малме, Шведска
  7. Хангџоу, Кина
  8. Берн, Швајцарија
  9. Бремен, Германија
  10. Хановер, Германија

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *