Сутерен.мк

Најмоќните пасоши во 2021-ва!

Пасошот на Јапонија отвора врати на 193 држави во светот, а оној на Авганистан само на 26 земји, пишува компанијата „Хенли и партнерите“!

Сингапур е на второ место со можност за влез во 192 дестинации, а Јужна Кореа и Германија го делат третото место со слободен пристап во 191 светска земја.

Четвртопласирани се Финска, Италија, Луксембург и Шпанија, петти се Австрија и Данска, а Франција, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска се шести.

Велика Британија и САД се на седмо место, заедно со Швајцарија, Белгија и Нов Зеланд со можност за патување на 187 дестинации.

На оваа скала, осми се Чешка, Грција, Малта и Норвешка, а деветти Австралија и Канада, додека пак, на десетто место е Унгарија.

Од поранешните ЈУ – републики, најдобро пласирана е Словенија, која е 12 – та, чиј пасош овозможува влез во 182 држави без виза. Хрватскиот е добредојден во 173 земји (17 место), српскиот во 139 (38 место), а македонскиот во 126 земји т.е. го зафаќа 46 – то место на ранг листата.

На црногорските граѓани пак, виза не им треба за 124 дестинации (47 место), а Босна и Херцеговина е 53 – та, со слободен влез во 117 земји.

Најлошите позиции ги завземаа земјите чии пасоши овозможуваат влез без виза во помалку од 40 држави во светот, а тоа се: Северна Кореа, Непал, Палестинските територии, Сомалија, Јемен, Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *