Сутерен.мк

Најубавите пак, заедно

Вчера беше објавен официјалниот трејлер за новата романтична комедија „Билет за рајот” во која Џулија Робертс и Џорџ Клуни глумат разведен пар.

Во режија на Ол Паркер, приказната ги содржи сите класични компоненти што ги очекуваме од овој жанр: прекрасни егзотични локации, љубовни хитови од 90-те и постојана надеж за среќен крај.
Дејствието се одвива околу обидот на Клуни и Робертс да ја спречат нивната ќерка да направи венчавка за да не ја повтори нивната дамнешна „грешка”.
Нивната ќерка Лили која ја игра Кејтлин Девер ја запознава љубовта на нејзиниот живот на патување на Бали веднаш по своето дипломирање.

Сепак, судејќи по трејлерот, се чини дека патувањето на Џулија и Џорџ на Бали со цел да ја разубедат нивната ќерка завршува како патување за решавање на сопствените проблеми еден со друг.

Како што се наведува, филмот ќе ја има својата премиера на 21 октомври годинава.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *