Сутерен.мк

Нема и нема столб за потпор на народот!

Фејсбук с(р)еќавања…

  • Секоја промена поминува низ фази:
    * Ентузијазам.
    * Компликации.
    * Разочарување.
    * Барање виновници.
    * Казнување на невините.
    * Наградување на оние кои не направиле, ама баш Ништо!

  • Сакав нешто да напишам за емпатијата, ама искуствата во последно време ме убедија дека имаш луѓе за една и за Ич, употреба.

 

  • За некој да има право да урла, предупредувајќи на било какво зло што ја загрозува заедничката егзистенција, од било кој агол, неопходен му е личен, тотален неконформизам и пожртвуваност што пак, директно води во сиромаштија и движење на рабовите на општеството! Зашто, средиштето на ова наше т.н. живеење е целосно корумпирано од овенчаните со ловорики, подземни сили.

 

  • Многу е тажно сознанието дека толку очајно ни била потребна сила, на која ќе може да се почне да се смета, на која ќе сакаме да се потпреме, без разлика на исходот.

 

  • Членување во партија, припаѓање на религија, како и вљубувањето, не е ништо друго, туку давање моќ некому да те уништи, а притоа да веруваш дека нему никогаш такво нешто нема да му падне на памет.

 

  • Новото МКД лого на очајот: Немаме ние толку памет, колку што тие имаат кондиција!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *