Сутерен.мк

Новооткриен манастир во Египет

Француско – норвешки тим на археолози откри остатоци на христијански манастир од петтиот век, во пустина на западот на Египет, кои ќе допринесат за увидот во секојдневниот живот на монасите на православните Копти во тој период.

„Манастирскиот комплекс го сочинуваат шест сектори во кои биле изградени три цркви, монашки ќелии и ѕидови со симболи кои носат обележја на египетските Копти“, изјави Осама Талат, началникот на одделот за исламски, коптски и еврејски антиквитети во Египетското министерство за антиквитети.

Како што пренесува агенцијата Танјуг, Викторија Гик, раководителката на археолошкиот тим, вели дека на ѕидовите на црквата се испишани религиозни пораки и цитати од Библијата на грчки јазик, кои ја откриваат „природата на монашкиот живот во Тал Гануб Каср ал – Агуз во оазата Бахарија и го докажуваат нивното присуство во петтиот век!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *