Сутерен.мк

Нов рекорд во јадење виршли!

На натпреварувањето во јадење на виршла во лепче или т.н. хот – дог што се одржува по повод Денот на независноста на САД секој четврти јули на Кони ајленд близу Њујорк од 1972 година, по 11-ти пат победи Џое Честнат , кој изеде 74 сендвичи за 10 минути.

Со овој резултат тој го урна и светскиот рекорд во брзо јадење хот дог, а на најголемиот светски натпревар во јадење хот – дог (кој лани не се одржа поради пандемијата) учествуваа дваесет натпреварувачи.

И во женска конкуренција победи последната шампионка. Мили Судо ја освои по петти пат титулата во брзо јадење со изедени 37 хот – дога за 10 минути.

Инаку, Честнат беше фаворит и во кладилниците, каде кладбите достигнале до милион долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *